Интернет (анг. Internet или the Net) е јавно достапен систем на меѓусебно поврзани компјутерски мрежи од целиот свет, кои пренесуваат податоци во форма на пакети со користење на стандардното множество протоколи означено како TCP/IP. Интернет се состои од голем број мали и големи, домашни, деловни владини и невладини мрежи, кои што заедно пренесуваат различни информации и услуги, како електронска пошта, директен разговор, како и меѓусебно поврзани web-страници и други документи од Пајажината ( Светски Распространета Пајажина - World Wide Web / WWW ).
Наспроти општоприфатеното користење термините интернет и web не се синоними: интернетот е збирка на меѓусебно поврзани компјутерски мрежи, поврзани со бакарни жици, оптичковлакнени кабли, безжични врски и слично, додека пајажината е збирка на меѓусебно поврзани документи со користење хиперврски и адреси ( Uniform Resource Locator / URL ), до кои што може да се пристапи со користење на интернет. Покрај пајажината, интернетот обезбедува и многу други сервиси, како е-пошта, споделување на датотеки итн.
Плугин - Македонско компјутерско списание. Написи за хардвер, софтвер и игри.
GoodBytes - Кирилични фонтови и упатство за инсталација на повеќе-јазична поддршка на вашиот оперативен систем.